Потребни документи и услови за Д1E категорија

Опис на категоријата:

Спаѓаат групи возила во кои влечното возило спаѓа во поткатегоријата „Д1“, а неговото приклучно возило е со вкупна маса поголема од 750 kg, при што групата на возила не надминува 12.000 kg, а вкупната маса на приклучното возило не ја надминува масата на празното влечно возило и во него не може да се превезуваат лица.

Потребни документи и услови:

  • Најмалки една година да поседува „Д1” категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит