Потребни документи и услови за Д1 категорија

Опис на категоријата:

Mоторни возила за превоз на лица кои покрај седиштето на возачот имаат повеќе од осум, но не повеќе 16 седишта и чија вкупна должина не надминува осум метри и може да се комбинира со приколка чија најголема дозволена маса на приколката е помала од 750 kg.

Потребни документи и услови:

  • Најмалки две години да поседува „Ц” или „Ц1“ категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит