Потребни документи и услови за Ц1 категорија

Опис на категоријата:

Спаѓаат моторни возила што не спаѓаат во категоријата „Д“, чија вкупна маса е поголема од 3.500 kg, но не повеќе од 7.500 kg, на кои може да им биде придодадено приклучно возило и чија вкупна маса не надминува 750 kg.

Потребни документи и услови:

  • Најмалки една година да поседува „Б” категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит