Потребни документи и услови за БЕ категорија

Опис на категоријата:

Kомбинација на возила влечени од страна на возило од категорија „Б“, при што најголема дозволена маса на приклучното возило не надминува 3.500 kg согласно со прописите од областа на единечно одобрение на возила.

Потребни документи и услови:

  • Најмалки една година да поседува „Б” категорија
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит