Потребни документи и услови за АМ категорија

Опис на категоријата:

Спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли.

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 16 години возраст
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
  • Важечка лична карта
  • Изјава на лицето или негов старател ако лицето не наполнило 18 год
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит