Потребни документи и услови за А категорија

Опис на категоријата:

Мотоцикли со или без бочна приколка, како и трицикли со моќност поголема од 15 kw

Потребни документи и услови:

  • Наполнети 18 години возраст
  • Доказ за завршено најмалку основно образование
  • Уверение за здравствената и психофизичката способност за управување со моторно возило, трактор и работна машина
  • Потврда за извршено оспособување на кандидатот за возач
  • Сертификат за извршено оспособување на кандидатот за возач од областа на укажување прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода
  • Важечка лична карта
  • Доказ за уплатен износ на трошоци за полагање на возачкиот испит